15 нови случаи на Ковид 19 во Прилеп – бројката секој ден е се поголема

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус.

 

Бројот на активни случаи изнесува 77, од кои 63 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 173 лица.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 414.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.