ВИДЕО – Pletvar Outdoor Festival 2020 – одлична забава за сите генерации, бидете во Прилеп овој викенд!

„Плетвар аутдор фестивалот“, годинава ќе се одржи за прв пат од 28 до 30 август. „Организатори на оваа манифестација се спелеолошкиот клуб од Прилеп, „Златоврв“ и извидничкиот одред „Феникс“. Организаторите велат дека целта на овој фестивал била возбудлива авантура за сите возрасти, запознавање со околината на Прилеп, дружба меѓу љубителите на планината, подобрување на веќе стекнатите вештини во природа, размена на искуства и стекнување на нови знаења! Целта на фестивалот е и промоција на Спасителната служба „Златоврв“, која засега функционира на волонтерска основа, без никаква помош од државата.

 

 

„ За време на фестивалот ќе имаме многу различни активности, како што се стрелаштво, стреличарство, качување по карпи, качување во пештера, качување на врвот Козјак, посета на Дуова пештера, слег-лајн, а исто имаме и игри и трки за најмладите. Една планинска трка, велосипедски трки една кратка и една долга, исто така има и скриено богатство за најмладите, каде секој од родителите со своите деца ќе можат да ги посетат и најдат контролните точки кои ќе бидат поставени низ целото село.

 

Спасителната служба „Златоврв“, скоро 10 години сме како тим, спасителен тим на спелеолошкиот тим „Златоврв“ од Прилеп, каде што имаме поминато доста обука, а сме учествувале и на акции за спасување, како кај нас, така и надвор од нашата држава. Оваа година зазедовме поголем чекор, ја оформивме официјално првата спасителна служба тука кај нас во Прилеп, “Златоврв“, која има за цел и задача да помага на сите граѓани кои што се во невоља, како во рурална така и во урбана средина. На располагање сме 24/7, моментално користиме своја приватна клубска опрема, како и приватни возила, но покрај вакви настани очекуваме помош и од државните институции, како и луѓе кои можат да финансираат и оваа спасителна служба што е можно побрзо да прерасне во спасителна служба која што ќе биде достапна 24/7, како за регионот во Прилеп, така и пошироко“, вели Дарко Неданоски од СК „Златоврв“.

 

„Извидничкиот одред „Феникс“, заедно со спалеолошкиот клуб „Златоврв“ оваа година за прв пат го организираат Плетвар аутдор фестивал, кој ќе се одржи викендот од 28 до 30 август. Секако во ова има вклучено и многу други здруженија од Прилеп. Главната цел на настанот е да ја промовираме планинска спасителна служба „Златоврв“ и да собериме средства за нејзино дооформување“, додаде Ана Плетварец, од „Извидничкиот одред „Феникс“.

 

„Покрај другото, на овој Плетвар аутдор фестивал ќе има и паинтбал, покрај останатите активности. Имаме подготвено арена, ги покануваме сите заинтересирани да не посетат и да искусат нешто ново во нашиот град, затоа што паинтбалот во Прилеп е релативно нов спорт, сакаме да го афирмираме, да го прошириме и да ги запознаеме сите учесници со паинтбал“, рече Петар Славески, задолжен за паинтбол активности.

 

ОВА Е ОФИЦИЈАЛНАТА ПРОГРАМА :

 

 

Петок, 28 август 2020

 

16:00 – 18:00

Запознавање со околината

18:30

СВЕЧЕНО отворање на фестивалот

19:30 – 20:30

Син час јога

20:30 – 22:30

Логорски оган, кино Плетвар

23:56

Забавна програма

 

 

Сабота, 29 август 2020

 

 

05:30 – 06:30

Син час јога

06:00 – 08:00

Слободни активности

09:00

Хиит кардио предизвик, масажи

09:00

Пауза

09:00 – 13:00

Искачување карпи, балансирање по лента, стрелаштво, стреличарство, скриено богатство, трка во вреќа, Paintball

10:00

Планинска трка 5км „Пеце Атанасоски“

15:00 – 20:00

Искачување карпи, балансирање по лента, стрелаштво, стреличарство, скриено богатство, трка во вреќа

19:45

Јога на зајдисонце

19:45 – 20:30

Јога на зајдисонце

20:00

Логорски оган и културно забавна програма

 

 

Недела, 30 август 2020

 

 

05:00 – 06:00

Јога на изгрејсонце

06:00 – 08:00

Слободни активности

09:00 – 12:00

Освојување на врвот Козјак и посета на пештерата Дуова дупка

09:00 – 13:00

Искачување карпи, балансирање по лента, стрелаштво, стреличарство, скриено богатство, трка во вреќа

10:00

Велосипедизација: Плетвар-теснолинејка-Тројаци-Беловодица-Плетвар

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.