Николовски најави масовни демонстрации на есен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, се обрати по презентацијата на владината програма од страна на мандатарот Зоран Заев. Тој ја критикуваше работата на претходната влада, која е иста и во новиот состав, па затоа најави нејзино рушење преку масовни демонстрации. Тој ги повика граѓаните на улица.

 

Се гледаме во селата и градовите. Најавувам масовни демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен. Затоа граѓани, се гледаме во македонските градови и села, на демонстрациите со кои ќе ја урнеме оваа влада која ќе го има најкраткиот мандат, рече Николовски.

 

Пратеникот Костадин Костадинов, пак му возврати дека протести најавувавле уште лани, но ништо не излегло, поради што му порача дека уште долго ќе си седат во опозиција.

 

Во Струмица после 33 години се завршпи новата болница, после 40 години таму за првпат се гради нова детска градинка. заборавате. Николовски додека имавте чест да бидете на власт, за Струмица ништо не направивте. Затоа уште долг ќе си седите во опозиција“, рече Костадиновски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи