Концерт на шпански мелодии на платото пред Цепенков

 

 

На 2 септември 2020/среда/ од 19.00 ч. на платото пред  ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на Концерт на шпански мелодии. Ќе настапат Александра Коцевска-мецосопран и Глигор Гелебешев-пијано придружба.

 

Програма

 

E.Granados

 

El mirar la Maja-Изгледот на Маја

Amor y odio-Љубов и омраза

El Majo timido-Срамежливост

El Majo discreto-Дискретно Маја

 

M.Garsija

 

Floris-Флорис

La fleur du Vallon-Цвет во долината на Валон

 

J.Obradors

 

La mi sola,Laureola-Јас сама

Corazon porque pasias-Срце зошто си…..

Del cabello mas sutil- Најсвилената коса

Al Amor-Љубов

 

P.Sarasate

 

Танго

 

  1. Rossini

 

Canzonetta Spagnuola-Шпанска песна

 

Александра Коцевска­-мецосопран

 

Музичкото образование почнува да го изучува во ДМБУЦ “Илија Николовски- Луј”-Скопје,во класата по соло пеење на проф.Билјана Јовановска-Јакимовска,а дипломира на  ФМУ-Скопје во класата на проф.Благојче Николовски.

 

За време на своите студии учествува на бројни натпревари  по соло пеење во Македонија и странство,каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето се вработува во ДМУЦ  ” Сергеј Михајлов”-Штип, каде може да се каже дека е основоположник  на класата по соло пеење. Во 2002год. магистрира во класата на проф.Билјана Јовановска-Јакимовска. Додека во 2006 год. својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ“Илија Николовски-Луј”-Скопје. Како наставник по соло пеење бележи големи успеси со своите ученици на бројни натпревари и кои се школуваат во Австрија, Бугарија, Франција. Како истакнат педагог e често поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011год. добива награда за повеќе годишна успешна работа во областа на уметничката педагогија од “Здружение на музички и балетски педагози на Република Македонија”. Од 2015год. се враќа на концертните подиуми. Следуваат концерти во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев…..Тетово, Гевгелија, Кочани, Скопје, Куманово, Р.Бугарија на ”14ти Фестивал на искуствата” во салата на музејот на Борис Христов, 45ти Караманиови поетски средби. Но и често настапува во камерни состави по различни поводи (Денот на хармониката,Фестивал Златна лира..итн.) Од 2017год натапува и со Трио- Колегиум . Бележи и настапи во организација на Амбасадите на Р.Србија и Р.Полска.

 

Глигор Гелебешев

 

Глигор Гелебешев (1969), својата музичка наобразба ја почнува во родната Гевгелија. Средно музичко училиште завршува во ДМБУЦ – Илија Николовски – Луј во Скопје. Студира на акдемијата на уметности во Нови Сад, а магистрира на факултетот за музичка уметност во Скопје.

 

По дипломирањето 1992 година се вработува во Државен Музичко Балетски Училишен Центар Илија Николовски-Луј,каде како наставник по пијано каде работи до денес. Учениците во класата на  наставникот Г.Гелебешев се учесници на повеќе домашни и меѓународни натпревари, каде се и високо наградувани.

 

Заради својата успешна педагошка кариера, тој е член на жири на повеќе натпревари од домашен и меѓународен карактер (Македонија, Србија, Бугарија, Полска…). Како пијанист – солист и камерен музичар, Глигор Гелебешев има настапувано како во Македонија така и во странство – Франција, Холандија, Србија, Словенија, САД, Турција, Романија, Италија, Бугарија… Организатор е на ЕПТА – конгрес (Europa Pianistic Teachers Association).

 

Од 2008 година па до денес, е предавач на истиот, во неколку наврати претседател на организациски одбор на државните натревари по пијано во Македонија.

 

Од 2011 година основач и претседател на меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Гевгелија. За успешна пијанистичка кариера од страна на СМУМ (Сојуз на Музички Уметници на Македонија) ,е добитник на наградата Златна Лира.

 

Во 2018 година е поканет да држи мастер класи во Загреб на музичката академија, како и во Сараево.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.