Од 450 тестови, „само“ 11 новозаразени од корона во последното деноноќие

 

 

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 11 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се три случаи во Скопје и по еден случај во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево.

 

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале три лица, односно, пациент од Гостивар на 51 година, пациент од Прилеп на 65 години и пациентка од Виница на 78 години. Сите се починати во болнички услови, додаваат од министерството.

 

Институтот за јавно здравје регистрирал 95 оздравени пациент, односно, 44 од Скопје, 16 од Штип, 11 од Свети Николе, четири од Кавадарци, по три од Прилеп и Виница, по два од Велес, Гостивар, Струмица, Кочани и Македонски Брод и по еден од Гевгелија, Пробиштип, Кичево и Неготино.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341,  бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.

 

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти,а вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 43, а нема пациенти на механичка вентилација.

 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет позитивни деца, три мајки и три деца суспектни на вирусот.

 

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

 

Досега во земјава се направени вкупно 148.269 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 450 теста.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.