ВИДЕО – Конзервацијата на Колобаиса ќе привлече повеќе туристи и ќе ја надополни милениумската приказна за Трескавец

Привршуваат годинешните археолошки истражувања околу античката населба Колобаиса која функционирала од 1 до 7 век од н.е. и била распространета околу целото плато каде денес се наоѓа манастирот Трескавец кај Прилеп. Годинава се направи превентиво конзервирање на дел од откриените градби, меѓу кои и помалиот, источен, влез во населбата. Но за жал поради Ковид кризата државата не оддели пари целосно да се конзервираат досега откриените градби и да се откријат нови градби кои се распространети околу Трескавец.

 

 

Во близина на денешниот влез на манастирот се наоѓа и главниот влез на античката населба Колобаиса, во иднина се планира целосна негова реконструкција и конзервација и преусмерување на сите посетители кои доаѓаат на Трескавец да поминуваат низ него, исито така се планира откопување и конзервација на сите значајни градби кои сега се наоѓаат под земја, и ова во иднина да прерасне во еден импресивен археолошки парк што ќе ја надополнува таа милениумска приказна за Трескавец.

 

Годинава целосно се открија и остатоците од тој источен бедем на Колобаиса и остатоците од средновековниот компекс од 13 и 14 век поврзани со Трескасвец.

 

„Овогодишните истражувања археолошки како и конзерваторски се исто така дел од стратегијата за ставање во функција на археолошкиот или културнииот комплекс Трескавец како дел од пошиирокото заштитено подрачје Маркови Кули. Со сите овие интервенции, а дел не бевме во можност да ги направиме поради финансиски причини, идејата е да ги изградиме и реконструираме периметралните ѕидови на античката населба Колобаиса и дел од објектите кои заслужуваат да бидат презентирани, кои имаат за цел и ставање на нивна функција за развој ан туризмот“, истакна Бранислав Ристески, научен советник археолог.

 

Колобаиса својот најголем подем го има помеѓу 4 и 6 век. Возобновувањето на старите ѕидини освен туристичка атракција ќе претставува и заштита на манастирот од пожари и диви животни.

 

„Сите сегменти кои заслужуваат вниимание во однос на конзервацијата и презентацијата на содржиниите ќе се потрудиме во самиот проект, заедно со сите соработници колеги да ги срочиме во еден заеднички проект со што би овозможиле највредните од една страна сегменти да бидат реставрирани и реконструирани, а од друга страна да се создадат навистина добри претпоставки за идно функционирање на манастирот во секоја смисла“, рече дипл. инж. арх. Илија Ристески, конзерватор советник.

 

Доколку се реализираат овие идеи целиот простор ќе биде организиран како едно мистично патување низ времето преку раскажување на милениумската приказна на ова место од антиката до денес.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи