Бројот на заразени во Прилеп рапидно расте – денеска 15 нови случаи на Ковид 19

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус и сите се со лесна клиничка слика. Од заразната болест оздравеле 4 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 120, од кои 96 се наоѓаат на домашно, а 24 на болничко лекување.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 478.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.