Летно кино со „Неделата на новиот германски филм“ во Прилеп

Во малку поразличен формат на 3 и 4 септември / четврток и петок/ 2020, на летната сцена во ЦК „ Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи Летно кино со „Неделата на новиот германски филм“. Ќе биде продолжена догогодишната традиција, а прилепчани ќе се дружат со најновите остварувања на богатата германска кинематографија.

 

За разлика од минатите години, овој пат гледачите ќе уживаат во филмските проекции на отворено, како што вели и слоганот „ Под отворено небо“.

 

Oвогодинешното издание на „Неделата на новиот германски филм“ ЦК „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на СР Германија во земјата, Кинотека на Р. С. Македонија и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

 

Влезот е слободен, според протоколи за заштита од корона вирусот (задолжително носење на маска, мерење температура и дезинфекција на раце).

 

Распоред на филмови

 

03.09.2020 – UNDINE (1:30min)  почеток во 19.30 часот

03.09.2020 – BALLON (2:05min) почеток во 21.30 ч.

04.09.2020 – MEIN BLIND DATE MIT DEM LEBEN (1:51min) почеток во 19.30 ч.

04.09.2020 – DIE GOLDFISCHE(1:51min) почеток во 21.30 ч.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.