Тутунски Комбинат Прилеп ги продолжува одличните резултати во работењето

4 милиони и 750 илјади денари е добивката на Тутунски Комбинат АД Прилеп за првото шестмесечје од оваа година односно во периодот од 01.01.2020-30.06.2020. Овој финасиски резултат е подобар од истиот период лани, кога била остварена загуба од 65.288 денари. Годинава исплатено е и К-15 на сите вработени по 21.000 денари, платите редовно се исплаќаат, а исто и добавувачите се редовно сервисирании секој месец. Инаку ТКП со децении беше на листата на најголеми загубари во земјата.

 

Исто така зголемени се и финансиските приходи на Комбинатот од 500.000 денари  на 23 милиони 762 илјади денари, споредено со истиот период претходната година.

 

Финансиските расходи пак во 2020 година изнесуваат 15.147 илјади денари, што претставува намалување од 27,11% во однос на претходниот период, кога изнесувале 20.783 денари. Ова намалување на финансиските расходи се должи пред се на намалувањето на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва  и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

 

Во делот пак на оперативните приходи има намалуавње за 10,6%, односно од 374.796.000 денари на 335.072.000 денари. Причината за ова намалување на оперативните приходи е резултат на намалувањето на приходите од продажба за 72,6% на домашен пазар од 131.352.000 на 35.954.000 денари .

 

Оперативните расходи се зголемени за 7,5% односно од 773.999.000 денари на 836.944.000 денари. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.