ВИДЕО – „Достоинствен работник“ : Се кршат работничките права за време на пандемијата, нема соодветна заштита од државата

Работниците од неформалната економија, домашните работници, културните работници, работниците од угостителскиот сектор, земјоделството и градежништвото се најпогодени од кризата со Ковид 19. Здружението „Достоинствен работник“ констатира дека работниците поради кризата ги губат работните места, а од друга страна немаат соодветна поддршка и заштита од самата држава. Оние пак кои останале на работа во овие сектори, работеле без целосно почитување на пропишаната заштита за корона вирус.

 

 

„Моментално во Општина Прилеп нема формирано социјално-економски совет, ние постојано го потенцираме тоа барање, бидејќи тоа е навистина важно, за да може овие проблеми ги истакнуваме таму. Ако би имале таков совет, ние би можеле повеќе информации да дадеме и така тој советот ќе може да даде насоки на самиот Совет при Општината да донесе одлука за тоа како да се движи правецот на заштитата на работците од злоупотребата на работодавачите, а посебно сега во пандемијата на корона вирус“, истакна Рубинчо Аризанкоски, секретар на здружение „Достоинствен работник“.

 

Корона кризата придонесе голем дел од работниците да работат и од дома, но тоа сега не е регулирано со постоечкиот закон за работни односи и овие работници се мешаат со домашните работици, како што се бебиситери, негуватели, што пак само по себе бара итна корекција на законот.

 

„Како ќе се дефинира пензиското и здравственото осигурување, бидејќи знаеме дека прекршувањето на работно место е кај работодавачот, а веќе тука имаме работа од дома и исто така многу е важно што значи тоа работа од дома како дефиниција која ја нема во постоечкиот закон“, додаде Аризанкоски.

 

Од Здружението „Достоинствен работник“ кои се дел од проектот за тоа како Ковид ситуацијата влијае врз овие категории работници исто така бараат државата да ја зголеми помошта која во овој период ја дава за компаниите.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи