Викендов “П.С. Гитар фест“ во Крушево

 

Годинешното 11-то по ред издание на интернационалниот гитар фест во Крушево ќе се одржи на 4-ти и 5-ти септември на летната сцена и пред спомен куќата на Тоше Проески.

 

На 4-ти септември во 20:00 часот кај спомен куќата на Тоше Проески ќе се одржи “Концерт на популарни композиции и евергрини” на дуото Чичоновски и Каровски.

 

 

Следниот ден (05.09.) во 20:00 часот на летната сцена ќе се одржи Концертна промоција на Петар Ренџов и Тумба салса бенд на  албумот “Џезилка”.

 

За сите концерти е задолжително почитување на мерките за спречување COVID-19.

 

“Гитар фест“ – Крушево е основан од крушевски гитарист и музичар Христо Христовски – Мулар,  а сега неговиот син ја продолжува традицијата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.