502 прекршоци за неносење заштитна маска во последните 24 часа

 

 

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице се регистрирани 502 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19. Казната за неносење маска во јавни затворени простории изнесува 20 евра.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.