Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска до 11.00 часот, во општина Прилеп има 12 нови случаи на коронавирус, а 4 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 139, од кои 112 се наоѓаат на домашно, а 27 на болничко лекување.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 510.
