Кај прилепчанец пронајдени 59 стебла марихуана-заработи 30 дена притвор

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори “ предвидено и казниво по член 215 КЗ на РСМ.

 

„По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, на 02.09.2020 со Наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд куќата во место викано „Кишовица“. При извршените претреси, во викенд куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла Канабис. Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп на Т.Н. му определи мерка притвор од 30 дена“, велат од МВР.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи