ВИДЕО – Над 85% од родителите во Прилеп сакаат настава со физичко присуство

Над 85% од родителите на прилепските ученици бараат нивните деца училишната година да ја започнат со физичко присуство. Ова барање кое ќе биде спроведено и до Министерството за образование го оправдуваат и поддржуваат и од Општина Прилеп. Од таму велат дека училиштата ги превзеле сите протоколи за заштита кои се пропишани и дека со добра организација и работа во повеќе смени и групи можело да се овозможи ова барање. Засега се дозволува физичко присуство само на учениците од 1 до 3 одделение.

 

 

„ Овие барања се издржани затоа што училиштата мислам дека ги исполнуваат тие услови. Од прва смена да бидат од прво до трето одделение, а евентуално ако бидат само од прво до трето одделение во физичко присуство, тогаш тие одделение ќе бидат поделени во две групи, двосменски според протоколите. А ако се дозволи физичко присуство и за погорните одделение, тогаш се оди одделенијата од прво до петто да одат прва смена, а преостанатите да одат втора смена, но сепак со поделба на одделенијата во групи. Така да со една добра организација јас мислам дека би можеле да постапиме кон физичко присуство“, истакна Каролина Николоска, советник за образование во Општина Прилеп.

 

Училиштата се подготвуваат и за онлајн настава и за настава со физичко присуство. Некои средни училишта бараат ако не може сите, барем учениците од прва година да бидат физички присутни на почетокот од годината, а за физичко присуство се и стручните училишта каде практичната настава е неминовна и неможе да се вршпи од лајн.

 

„Технички гледаме да бидеме спремни, да можеме да ги испочитуваме сите барања од протоколот, за да може со прва година да изведуваме настава со присуство. Планираме тоа да трае еден месец, а потоа во зависност од тоа како ќе се развиваат состојбите и околностите со ковид, дали да продолжиме со тој тип на настава или да се вратиме на онлајн настава. Ние како училиште, покрај тоа што се спрема националната платформа, зедовме и наша платформа со Мајкрософт“, Диме Настески, дииректор на гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

Основците пак бараат ако не може сите тогаш барем со физичко присуство да слушаат настава и 6-то одделенциите.

 

„ Затоа што е првиот контакт со наставниците по нова програма што ја работат, така да работиме паралелно и на двата случаи, двата вида на настава и за далечина и за физичко присуство“, истакна Веле Ѓорѓијоски, дирктор во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп.

 

Во Прилеп има 10 основни и 5 средни училишта со 10.340 ученици. Што ќе се случи на 1 октомври ќе зависи од Владата, но и од состојбата со корона вирусот во секоја Општина.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.