Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста.
„За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември 2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа“, велат од Здравство.
Во врска со родителите со деца до 10 години, од Комисијата посочија дека за ова прашање ќе одлучуваат на следниот состанок.
Предлог одлуката на Комисијата ќе се достави до Владата на Република Северна Македонија, која ја носи конечната одлука по овие прашања.
145