Поевтинување на горивата од полноќ

 

 

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

 

Според одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари за литар и од вечерва на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 денари, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 61,50 денари за литар.

 

Цената на дизелот се намалува за 1,50 денари, и така, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,50 денари за литар.

 

За 1 денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 50,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС  ќе изнесува 25,956 ден/кг.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.