Шест починати и 37 нови случаи на ковид-19 во Македонија, од кои 12 странци

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1.

 

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

 

• Скопје 6123, активни 591

• Куманово 1540, активни 248

• Дебар 261, активни 29

• Штип 1182, активни 96

• Прилеп 525, активни 142

• Тетово 1254, активни 125

• Струга 595, активни 64

• Велес 278, активни 20

• Битола 225, активни 40

• Охрид 360, активни 45

• Кавадарци 190, активни 47

• Гостивар 823, активни 134

• Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 83, активни 31

• Крива Паланка 60, активни 19

• Радовиш 46, активни 7

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 160, активни 33

• Пробиштип 90, активни 15

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 77, активни 10

• Пехчево 38, активни 28

• Берово 68, активни 41

• Валандово 9, активни 2

• Виница 82, активни 28

• Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 23, активни 7

• Свети Николе 301, активни 37

• Кичево 286, активни 45

• Ресен 147, активни 0

• Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

Направените 484 теста се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-57, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Систина со PCR метода -146, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-7, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.

 

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

 

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи