За неносење маски казнети 445 лица

 

 

Министерството за внатрешни работи утрово информираше дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 485 прекршоци.

 

Казната за неносење заштита за лице во јавни простории, согласно утврдените мерки за заштита од Ковид-19, изнесува 20 евра.

 

Министерството за внатрешни работи и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.