Повреден мотоциклист по судар со автомобил на патот Прилеп – Битола

 

На патот Прилеп-Битола вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.К.(24) од с.Манастирец-Росоман и патничко возило марка „хонда“со битолски регистерски ознаки, управувано од П.Ј.(37) од Битола.

 

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.