Прилепчанката Јошеска со велосипед ги искачи Пелистер 2.601 мнв и Кораб 2.764 мнв.

Во рок од 3 дена прилепчанката Маја Јошеска имаше две успешни мисии со својот велосипед таа на 06.09.2020 го искачи врвот Антена на Баба Планина и по само два дена пауза на 09.09.2020 го искачи и врвот Кораб во чест на осамостојувањето на Република Македонија.

 

Јошеска вели дека турите биле напорни и тешки пред се поради жешкото време, големиите искачувања.

 

Со овие последни две искачувања Јошеска ги заокружи шестте успешни мисии со искачување на позначајните врвови во Македонија како што се Солунска Глава, Кајмакчалан, Љуботен, Титов Врв и последните два Антена и Кораб.

 

Наредни нејзини планови со својот велосипед се неколку балкански врвови, кои веќе како планинар ги има искачено.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.