Националната конференција „Град пријател на младите“ во Крушево

 

 

Младински Сојуз – Крушево денеска ќе ја имплементира националната конференција „Град пријател на младите“ во Крушево.

 

Целта на проектот, како што информираат од Младинскиот Сојуз, е развој на вештини на релевантни засегнати страни (млади луѓе, младински работници, претставници на локални младински совети, локални носители на одлуки) за поддршка на создавање градови пријатели на младите. Тоа значи, градовите се отворени за младите луѓе и целосно го поддржуваат нивниот раст и развој.

 

На конференцијата учество ќе земат релевантни претставници од општините Струмица, Крушево, Центар, Карпош, Струга, Прилеп и Кратово, претставници на граѓански и младински невладини организации и млади луѓе.

 

На конференцијата ќе се дискутира за „Клучни фактори за финансиска поддршка на младинскиот сектор на локално ниво“, „Зошто е важна инфраструктурата и техничката поддршка за млади на локално ниво?“ и „Локален младински совет и стратегија за млади – имаме ли менаџмент и стратегија за млади дома?“.

 

Проектот „Град-Пријател на Младите “ е поддржан од Амбасада на САД во Северна Македонија и се стреми да ја подобри состојбата на младинските политики, стрaтегии и механизми на локално ниво.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи