Целовечерен концерт на виолина на Софија Никоска во четврток во Цепенков

 

 

На 17.09.2020, четврток од 19.00 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“, според сите протоколи за заштита од корона вирусот, целовечерен концерт на виолина ќе одржи нашата позната виолинистка Софија Никоска.

 

Програма:

 

Јохан Себастијан Бах

 

Partita бр. 3 во Е-dur за соло виолина, BWV 1006

-Preludio

-Loure

-Gavotte en Rondeu

-Menuet I

-Menuet II

-Bourree

-Gigue

 

Partitaбр. 2 во d-moll за соло виолина, BWV 1004

-Allemanda

-Corrente

-Sarabanda

-Giga

-Ciaccona

 

Биографија

 

Виолинистката Софија Никоска е родена 1991 година во Прилеп. Своето музичко образование го започнува во родниот град, а средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје. На 15 годишна возраст станува најмладиот бруцош на ФМУ во Скопје, каде дипломира со највисока оценка CUM LAUDE во класата на проф. Олег Кондратенко, и потоа ги завршува и магистерските студии. Своето понатамошно усовршување го продолжува како студент на Кралската Школа „Queen Sofia College of Music ” во Мадрид, каде шест години студира во класата на светски реномираниот проф. Захар Брон.

 

Како стипендист на фондацијата „Albeniz“, во оваа високо реномирана музичка школа, успешно реализира бројни настапи низ Шпанија, како солистички, така и како дел од камерни состави под менторство на професорите Хајме Мулер и Марта Гулијаш. Учесник и добитник е набројни награди на државни и меѓународни натпревари. Учесник е на многубројни семинари и мастер-часови кај светски признаени уметници. Реализира многубројни рецитали и настапи со оркестар во Македонија и надвор од неа. Моментално живее и делува во Македонија, предава виолина при УГД –  Музичка Академија во Штип.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.