ВИДЕО – За прв пат македонска спелеонуркачка експедиција ќе влезе во срцето на Солунска Глава, во пештерата „Изворот на Бабуна“

За прв пат македонска спелеонуркачка експедиција на почетокот од октомври ќе влезе во срцето на Солунска Глава за да ја истражи пештерата „Изворот на Бабуна“. Оваа пештера за прв пат е откриена 1968 година од страна на друштвото „Пеони“, но до сега во неа немаат нуркано македонски спелеолози. Пештерата ја имаат посетено 3 странски експедиции, последен пат во 2014 година кога Словачки тим влегол 2,5 км под земјата и открил 3 големи езера. Сега идејата ја реализираат клубот „Врело“ од Скопје и Македонската спелеолошка федерација.

 

 

Ќе се истражува после третото езеро. Станува збор за три сифони. Првиот сифон, па нуркаме потоа имаме околу 500 метри, каде што  мора се пешачи во пештерата заедно со целата опрема за нуркање, боци итн. Потоа следува второто езеро и на крајот е третото езеро, после кое никој нема истражувано, ниту странска, ниту наша експедиција“, рече Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка федерација на Македонија.

 

Спелеолозите велат дека станува збор за премногу тешка експедиција. Спелеонуркањето била една од најризичните работи со кои можело човек воопшто да се занимава. Тесни простори, насекаде остри карпи, а често знаело водата да се замати во неколку секудни и буквално ништо да не се гледа.

 

Станува збор за основните принципи на техниките на единечно јаже, техники на спасување и сите останати техники кои што се потребни за нуркањето“, додаде Неданоски.

 

Очекуваат да откријат  уште повеќе басени со вода, а со тоа би и помогнале на науката што точно се крие под Солунска глава и колкави количинии на подземна вода поседува Македонија во овој дел.

 

Ние се стремиме да влезиме што е можно подлабоко во срцето на Солунска Глава, после третиот сифон очекуваме да откриеме уште неколку сифони, големи хали и се надеваме дека сето тоа ќе заврши успешно и ќе продолжиме со уште поголеми научни истражувања, бидејќи како што кажав тоа има големо значење за нашата држава“, рече Неданоски.

 

Македонскиот тим деновиве интензивно се подготвува и тренира за овој подвид во подводната пештера „Врело“ на Матка.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи