Прилепчани повторно меѓу најуспешните и на Охрид Ултра-Треил

Охрид Ултра-Треил е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион. „Ohrid ultra trail“ долга 107 km, 5000+, потоа „Galicica ultra trail“ 66km / 3350+ и „Letnica trail“ 18 км / 750 м+ каде трчаа прилепчаните кои освоија медали.

 

Во женска кактегорија Марија Пеликон, од Скопје беше прва, Талија Петреска од Прилеп втора, а Ивана Настоска од Прилеп трета.

 

Во машка конкуренција Илија Пајмакоски од Прилеп прв, Златко Нииколоскии од Кочании втор и Марио Котески трет.

 

Летница Треил стартува во селото Рамне и нуди панорамски слики од градот Охрид, Охридското Езеро и планината Јабланица и ги предизвикува учесниците на брза трка до последниот чекор низ целта – во градот Охрид покрај градскиот плоштад.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.