Во Египет најдени 27 запечатени саркофази постари од 2.500 години

 

Археолози во пустинската некропола Сакара, во египетска Гиза, открија вкупно 27 запечатени саркофази чија старост ја провенуваат на повеќе од 2.500 години, соопшти египетското министерство за туризам и антиквитети.

 

Функционери на министерството за туризам и антиквитети потврдија дека пред една недела бииле откриени 13 одлично зачувани сакрофази, а потоа во петокот беа најдени уште 14 и дека станува збор за едно од најголемите откритија од тој вид.

 

Станува збор за запечатени саркофази кои досега никој не ги отворал, а археолозите ги нашле во три одвоени запечатени ниши на длабочина од 11 метри.

 

На објавените фотографии се гледа дека се одлично зачувани и дека на некои е добро зачувана оригиналната боја на дрвото со шари и хиероглифски знаци. Покрај нив се најдени разни предмети кои ќе го разјаснат статусот на мртвите и ќе овозможат податоци за нивниот имот и општествено влијание, иако засега идентитетот на умрените останува непознат.

 

Се верува дека Сакара служела како некропола на главниот град на древен Египет, Мемфис. Египќаните во текот на 3.000 години таму ги погребувале своите мртви. Но, на тоа место не биле погребувани само благородници туку и граѓани од средната и работничката класа.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.