Жител на с. Беровци пронајден удавен во базен во фабрика на ул. „Орде Чопела“ во Прилеп

На 21.09.2020 во 17.49 часот во СВР Битола било пријавено дека во базен во круг на фабрика на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп било пронајдено удавено лице.

 

„Полициски службеници заедно со Јавен Обвинител излегле на местото и било констатирано дека во базенот бил пронајден починат  Г.М. (56) од с. Беровци, кој бил повремено ангажиран како чувар на објектот. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, велат од СВР Битола.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи