Крушево ја продлабочува соработката со Грција, средба Христоски и Грчкиот конзул Ракинас

Градоначалник на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со конзулот на Република Грција господинот Акилес Ракинас. Како што информираат од Општина Крушево на средбата се разговарало за потенцијалот што го има Крушево особено од аспект на туризмот.

 

Градоначалникот Христоски информира дека општината работи на многу проекти и аплицира на ИПА фондовите кои се однесуваат на програми меѓу нашата држава и Грција.

 

„Почитуваниот Конзул дава поддршка за нашата работка и во иднина ќе ја продлабочиме соработката на културен и едукативен план, а особено во делот при аплицирање кон ИПА фондовите. Крушево има многу пријатели и тоа е дополнителен поттик да продолжиме со работа“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи