ВИДЕО – Крстеска: Клиниките во Скопје веќе не ги примаат повозрасните пациенти заболени од Ковид 19

Поради исполнетост на капацитетите клиниките во Скопје веќе не ги примаат повозрасните пациенти заболени од Ковид 19, кои се од другите градови иако дел од нив се наоѓаат и во многу тешка состојба. Ова беше потенцирано на денешниот итен состанок на кризниот штаб во Прилеп, кој се одржа поради тоа што бројот на заболени лица од корона вирус во Прилеп секојдневно рапидно расте. Инфектолозите се пожалија и на тоа дека немаат доволно персонал, а нема ниту доволно кревети. Капацитетот е 30 легла од кои веќе биле исполнети 23, од кои 10 пациенти биле на кислородна поддршка. Исто така инфектолозите бараат поврзување на одделението со централниот довод на кислород, бидејќи објектот на инфективното одделение не е во главната болничка зграда. Со овој проблем биле запознати сите органи на Болницата, но засега малку потешко одело неговото реализирање.

 

 

„Старосната граница некако ни се повлекува, погоре, значи и помлади хоспитализираме со потешка клиничка слика, за разлика од тоа што има кај постарите потешка клиничка слика. Значи не ни ги примаат во Скопје потешките и оние со многу коморбидитети и затоа се најдуваме во една незавидна ситуација во однос на лекувањето.

 

Тешките пациенти треба да ги праќаме на Инфективна клиника, меѓутоа тие не ги примаат затоа што и тие се преполни. И тие имаат преполни капацитети и тешките пациенти остануваат да бидат третирани кај нас.

 

Немаме респиратор, но и на Инфективна клиника и секаде на друго место престанаа да ги ставаат на респиратор. Имаат некои други сип-ап маски, кои ние ги немаме, а тие ги имаат, така да обично ни ги примаат само помладите пациенти.

 

Ни треба персонал кој што не можеме да го најдеме. Во оваа ситуација кога имаме зголемен број на позитивни и зголемен број на хоспитализирани, нормално дека треба повеќе персонал, кој тешко се најдува“, истакна Мирјана Крстеска, раководител на инфективно одделение Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи