ВИДЕО – Јованоски: Да се почитуваат мерките за да не се доведеме до ситуација на нови карантини и полициски часови

Од Општина Прилеп информираат дека поради сериозната ситуација со корона вирусот во Прилеп ќе има засилени контроли и кај стопанскиите субјекти, но и надвор на отворено каде се уште има поголеми групирања на младите, но и на пензионерите во парковите, каде не се почитуваат мерките како носење маскаа и препорачамата дистанца.

 

 

 

„Засилени се полициските контроли во градот, зголемен е бројот на изречени казни за оние кои не носат заштитни маски, по 60 до 70 казни се пишуваат на несовесните граѓани кои не носат заштитни маски.

 

Но сепак се уште се чести случаи на групирање на граѓани, особено на млади лица кои во вечерните часови се збираат во парковите низ градот, како и група на пензионери кои се дружат на јавните површини, без да ја почитуваат задолжителната дистанца. Евидентни се дружбите во локалите и рестораните, семејните прослави со голем број на присутни, групирања пред банките и маркетите.

 

Ќе упатам уште еден апел до сите граѓани, надлежните институции и приватните субјекти, да ги почитуваме мерките и протоколите на заштита од коронавирусот. Да не дозволиме ситуацијата да ескалира. Да не се доведеме до ситуација на нови рестрикции, полициски часови и повеќедневни карантини, кои би ја закочиле економијата и би не затвориле сите дома.

 

Ги повикувам и невладините организации од Прилеп, со свои активности поактивно да се вклучат во кампањата за заштита од ковид-19. Пред нас е период во кој јавната свест за последиците од ковид-19 мора да биде на највисоко ниво“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи