ВИДЕО – 10 Роми дрвокрадци од Прилеп заработија кривични пријави за напад на полицајци во велешко

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

МВР поднесе кривична пријава против 10 лица од Прилеп кои се сомничат за напад на полициската патрола пред 2 дена во велешко, кај селото Степанци. Станува збор за лица од ромска националност кои се на различна возраст, најмалиот има 21 година, а најстариот 57 години.

 

 

Според МВР кога полициската патрола од станицата во Чашка ги запрела трите возила натоварени со нелегално исечени дрва, едното успеало да им избега, а двете биле стопирани. Во тој момент на местото се собрала поголема толпа меѓу кои биле и овие 10 мина осомничении кои започнале врз 5-те полицајци да фрлаат со дрва, камења и други цврсти предмети. Едното полициско возило било искршено, а полицајците тешко повредени. Толпата избегала кога полицијата почнала предупредувачки да пука во воздух.

 

Десетте осомничении се приведени и предадени на обвинителството. Според првичните и неофицијални информации кои ги поседуваме во моментов обвинителството побарало 30 дневен притвор, а осомничените се изнесени пред судија на претходна постапка.

 

Од обвинителството телефонски ни рекоа само дека се постапува по пријавата и дека во интерес на истргата не можеле да соопштат повеќе детали.

 

Пред основниот суд во Прилеп има собрано поголема група на роми кои признаваат дека крадат дрва, но тоа не го сметале за криминал туку борба за живот и опстанок. Исто така велат дека дел од овие 10 мина учествувале во тепачката, но дека имало и дел кои биле невино приведени.

 

„Дрвокрадците беа горе. Јас велам дека не се дрвокрадци. Туку луѓето прават борба за живот немаат работа“, рече Неат Усеиноски, роднина на еден од приведените.

 

„Вечерта мажот ми беше таму, на син ми му се одзеде возилото, син ми избега од возилото и му го предаде во раце. Му се јави на татко му да си го земи. А син ми не беше таму присутен во кавгата“, кажа Анифа Вејселоска, мајка на еден од приведените.

 

„Тој ги гледаше децата дома, не беше никаде тој, дома си беше“, истакна Ѓулизара Еминоска, мајка на еден од приведените.

 

 

Инаку со години по стариот пат Прилеп-Велес преку преминот Дервен секојдневно поминуваат по 10-тина можеби и повеќе вакви нерегистрирани возила натоварени со нелегално исечни дрва. Тоа се случува со години, а институциите делува како да не превземаат ама буквално ништо. Жално е што на целата таа планина исечени се илјадници метри кубни на дрва и соголен е целиот терен. Можеби овој последен немил инцидент ќе биде мотив повеќе за државните институции да соберат храброст и да се стопира дрвната мафија која зема се повеќе замав.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи