Основниот суд во Прилеп им одреди 30 дневен притвор на 10 мината дрвокрадци од Прилеп кои пред 3 дена нападнаа полициска патрола во велешко, кај селото Степанци. Дрвокрадците се однесени во истражниот затвор Шутка во Скопје. Станува збор за лица од ромска националност и тоа Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43), С.М.(57), Ѓ.А.(21), Р.В.(30), Е.В.(29), И.В.(52), сите од Прилеп.
Инаку според наши информации деновиве се очекува да има и нови апсења на дрвокрадци кои биле дел од толпата кои со камења, дрва и други цврсти предмети ги нападнаа полициските службениции, при што двајца од полицајците завршија со тешки телесни повреди на клиниките во Скопје и Велес. Неофицијално толпата била составена од 20 до 30 мина.
161