Управниот суд ја отфрли тужбата на Еуростандард банка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Отфрлена е тужбата на Ерудостандард банка од страна на Управниот суд. Тужбата се однесуваше во врска со решението на Народната банка донесено од страна на гувернетката Ангеловска-Бежоска.

 

Образложувајќи ја одлуката, Управен наведува дека за Еуростандард банка е отворена стечајна постапка и согласно Законот за стечај и Законот за трговски друшства е извршена промена на податоците во Централен регистар и единствено областено лице е Душко Тодевски, стечаен управник, кој што има овластување да ја застапува банката.

 

„Од овие причини, Управниот суд ја отфрли тужбата на тужителите поради непостоење на активна легитимација, а согласно членот 203 став 2 од Законот за парнична постапка на чија примена упатува членот 14 став 1 од Законот за управните спорови“, се вели во образложението.

 

И барањето за донесување на времена мерка за одложување на решението од Народна банка, од Судот го отфрлија како беспредметно.

 

Народната банка во август ја одзема дозволата за работа на Еуростандард банка поради неисполнување на минималните услови за работа. При крајот на август беше отворена стечајна постапка, а од Фондот за осигурување на депозити најавија дека ќе бидат обештетени депозитите. Дел од оштетените граѓани формираа здружение и за утре најавија протест пред Собранието. Преку оваа банка се вршеше и платниот промет на АД „Пошта“.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи