Концерт на „Македонски брас квартет“ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

На 5 октомври 2020, понеделник, во 20.00 часот во ЦК„Марко Цепенков“ концерт ќе одржи Македонски брас квартет.

 

Програма :

 

Jeremiah Clarke      “Trumpet Voluntary”

G.F.Handel              “Water Music Suite”

Henry Percell            “The Fairy Queen”

G. F. Anerio               “Gagliarda”

Giuseppe Verdi       “Nabucco Overture”

Maurice Ravel         “Trois Chansons”

W.A. Mozart           “ Sonate no:11 Tema”

N.R. – Korsakov      “Notturno”

Astro Piazzolla         “Tango Apasionado”

A.Alabjeev              “ Solovei”

Joplin                      “The Strenuous life”

 

 

Македонскиот брас квартет е основан во 2013 година кога што се бележат и првите настапи. Составот има настапувано во повеќе градови на Македонија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово Берово и Скопје, во склоп на фестивали и самостојни концерти.

 

Македонскиот брас квартет е составен од четворица,пријатели, колеги, вработени во Македонска Опера и Балет,  Стојанче Косовски труба, Александар Златески труба, Горан Јанев хорна, Владан Дробицки тромбон.

 

Стојанче Косовски е прв трубач во македонската опера и балет од 2005 година хонорарно соработувал со Битолската камерна опера, Македонската филхармонија, Градските оркестри на Битола и Скопје, проектански оркестри од Австрија и Белгија.

 

Александар Златески е прва труба во Македонската Опера и Балет,хонорарно соработува со градскиот оркестар, Македонска филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.

 

Горан Јанев е прв хорнист на Македонската Опера и Балет, хонорарно соработува со Македонска Филхармонија, проектански оркестри од Бугарија и оркестарот за филмска музика Fames  Скопје.

 

Владан Дробицки е прв тромбонист на Македонската Опера и Балет , хонорарно соработува со градскиот оркестар на Скопје, Македонската филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи