„Toptash downhill cup“ – државно првенство на Македонија на 10 и 11 октомври во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


По 5-ти пат на Топташ кај Прилеп на 10 и 11 октомври, во организација на клубот за екстремни спортови „Sky riders Prilep“ ќе се одржи „Toptash downhill cup“ кое ќе биде државно првенство на Македонија и ќе биде бодувано за ранг листа на ВФМ Велосипедската Федерација на Македонија. Настанот ќе биде одржан според правилата нa Union Cycliste Internationale UCI и по правилата на Македонската Велосипедска Федерација. Од клубот „Sky riders Prilep“ очекуваат на Toptash downhill cup да земат учество 50-тина велосипедисти од државава.

 

„Сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на тренинзите, квалификациите и финалната трка ги прифаќаат правилата и се обврзани истите да ги почитуваат. Организаторот не одговара за било какви правни последици во случај на незгода или надомест за оштетување на опремата на натпреварувачите. Организаторот не одговара за дела направени од страна на натпреварувачите од врз трети лица. Натпреварувачите под 18 години треба да да поднесат согласност / изјава од родител или старател. Натпреварувачите помлади од 18 години мораат да бидат придружувани од полнолетно лице (родител или член на клубот) кој ќе биде одговорен. Категориите се : Еlite / Junior / Masters / Hobby“, велат од клубот „Sky riders Prilep“.

 

Регистрацијата за натпреварот може да се направи до 08.10.2020. Цената за пријава на натпреварот изнесува 900 денари (15 евра) за натпреварувачите кои се пријавиле до крајниот рок.

 

Медали и пехари ќе бидат доделени на сите категории за првите тројца пласирани натпреварувачи.Организаторот во соработка со спонзорите и партнерите на трката обезбедува дополнителни награди за најдобрите три времиња од сите категории – Прво место: 300 евра, Второ место: 200 евра, Трето место: 100 евра.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи