„Да не е галеб?“ – нова претстава на театар „Чин 4 сцена 5“

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Театарот „Чин 4 Сцена 5“ на шести октомври, вторник, од 20.00 часот, на сцената од ЦК „Марко Цепенков“ премиерно ќе ја прикаже претставата  „Да не е галеб?“, работена според „Галеб“ на А. П. Чехов, и „Глупа заебана птица“ на Арон Поснер.

 

Претставата е адаптација на големиот руски класик.  Претставува „разговор“ со самиот Чехов, еден вид на писмо кон него, за тоа како неговиот „Галеб“ лета и во 21. век, поставувајќи прашања за љубовта, за животот, за театарот, а во исто време се „сере“ на сè што е под него, и нема никакви грижи за светот.

 

Во претставата играат: Илија Волчески, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, младите прилепчани Наталија Ристеска и Дарко Карбески, како и гостинката од Пробиштип, Стефанија Митовска.

 

Музиката е на Томе Темелкоски, звучниот дизајн е на Кире Најдоски, додека режисер е Саша Нацевски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.