Во Словенија нема да биде задолжително носењето маски во градинките и училиштата

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315

Во Словенија повеќе нема да биде задолжително носењето заштитни маски во градинките. Учениците од основните и средните училишта, за време на нивните часови, како и наставниците кои предаваат на деца до трето одделение, исто така ќе бидат ослободени од ова правило.

 

Според владината одлука донесена синоќа, наставниот кадар во средните училишта и на факултетите нема да има обврска да носи заштитни маски, под услов да одржуваат предавања зад паравани.

 

Условно ќе биде и носењето заштитни маски кај наставниците кои предаваат на ученици од  четвртто одделените и во повисоките одделенија во основните училишта, како и меѓу вработените во средните училишта, доколку не можат да одржат растојание од најмалку два метра.

 

Наставниците и професорите по физичко образование нема да мора да носат маски, пренесува агенцијата СТА.

 

Одлуката е донесена откако Словенија во четвртокот пријави рекордни нови 238 случаи на Ковид-19, иако податоците од Министерството за здравство покажуваат дека бројот на заразени во училиштата минатата недела се намалил во однос на средината на септември.

 

Според последните податоци, досега во Словенија се заразени 6.103 лица со коронавирус, додека 154 пациенти починале.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.