Ужас во Србија – син цела недела се хранел од телото на починатиот татко

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315

Веста дека син седум дена го јадел мртвиот татко во нивниот семеен стан во Белград ја шокираше цела Србија. Имено, белградската полиција после пријавата на станарите вчера пронашла распарчен труп на маж во стан во Белград.

 

Како што информираат српските медиуми, соседите неколку дена се обидувале да стапат во контакт со починатиот маж, затоа што во зградата се ширела неподнослива миризба која излегувала од станот.

 

Медиумите наведуваат дека во станот крв имало „на сите страни“, а во една соба на крвет лежело распарчено тело. Синот се сокрил, а кога полицијаците го пронашле бил крвав, делувал сосема изгубено и запуштено.

 

Според првичната истрага, момчето не умеело самото да оди ниту до продавница и кога умрел таткото, останало без храна, но не излегло од станот, па се хранело од неговото тело. Сега е итно  префрлено на Инфективната клиника во Белград, каде ќе му бидат направени сите анализи и тестирања.

 

Неофицијално, таткото на момчето бил мртов најмалку седум дена, но се истражува како починал.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.