Денеска е 5 октомври меѓународниот ден на учителите. По повод овој ден наставникот Гоце Бумбароски од Прилеп од основното училиште „Кочо Рацин“ во Прилеп вели дека во Јапонија единствено учителите не биле должни да му се поклонат на владетелот, кај нас во Македонија некогашните лоши ученици кога добиваат високи државни функции очекувале сите да им се поклонуваат, па дури и нивните учители.
„Во минатото наставниците беа високо почитувани во својата професија и претставуваа модел и инспирација за децата, во денешно време стануваат жртвени јагниња на неуспесите на образовниот систем. Несомнено, професијата учител е исправена пред големи предизвици На учителите од Бога им е дадена светата задача да направат слепите да прогледуваат. Кај што има отворени очи, нема наведнати глави и нема ропство. Денес учителот е исправен пред предизвикот да го даде знаењето кое од детето ќе изгради самостојна и успешна личност! И сето тоа во време на материјално општество, изгубени морални вредности, материјален натпревар и неповратна отуѓеност од човекот во самите нас“, вели Бумбароски во кратката изјава за порталот Инфо Компас по повод овој меѓународен ден.