IN MEMORIAM: На 97 години почина прилепчанецот Радомир Спасески еден од последните живи борци од НОБ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315

Радомир Спасески, роден 19.12.1923 во средно имотна фамилија, во семејство на осум деца. Истакнат партизан од редовите на партизанскиот одред во Тополчани. Еден од ретките личности, задоен со идеологијата од својот татко, Ристе Спасески, за слободна татковина.

 

Неговото присуство на состаноците од Илегалниот комитет (Народно ослободителниот одбор) кој бил составен од Попоски петко како претседател, Спасески Ристе (неговиот татко) како секретар, Коруноски Ристе, Јошески Димко, Диме Дабовски и уште многу други, на кои подоцна им се приклучуваат и илегалците од прилепскиот партизански одред, Круме Волнароски и Кире Гаврилоски, кои од време на време престојуваа во неговиот дом во Тополчани и во доцните ноќни часови во подрумските простории ги кроеа плановите за Народноослободителната војна.  7 Мај 1944 година е клучниот датум, кога неговиот татко, Ристе Спасески, е избран  за да на 9 мај да замине во Прилеп, од каде треба да добие упатство – документација за да замине на Првото заседание на АСНОМ и како најстар член истото да го отвори.

 

Но, одејќи за Прилеп, попатно го сретнува Димче Дабовски кој го попречува на патот со образложение, дека куќата каде што требало да се одржи состанокот била провалена и биле затечени  Кире Гаврилоски и Круме Волнароски, кои во нерамноправна борба го положиле својот живот. Сето ова претставувало доволен поттик за да несомнено се приклучи кон Народноослободителното движење.

 

По завршувањето на војната, во август 1955 година со донесување на законот за нова територијална поделба на општини и околии во Македонија е назначен за заменик судија за прекршоци во новоформираната општина Тополчани, а за кратко време е назначен за судија за прекршоци. По завршувањето на вонредните студии на правниот факултет во Скопје, добива нова работна позиција, претседател на општина Тополчани и останува на таа функција се до неговото пензионирање, во 1964 година.

 

Во тоа време станува и општински одборник во собранието на општина Прилеп, член во Претседателството на Сојузот на борците како и член во комисијата за призанање на посебен стаж на борци за учество во НОБ. паралелно со тоа е избран и за член на општинскиот комитет на СКМ за општина Прилеп. Во 1982 година е избран за член на ЦК на СКМ и бил член во делегацијата за во Републичката конференција на ССРНМ, предводена од членот на претседателството на ЦК, Феми Муча.

 

За неговите заложби и придонеси особено е одликуван со Споменица за НОБ, но поради неговите идеали за слобода на татковината, истата ја одбива со изговор дека, неговата борба била за татковината, а не за споменицата. Во 1960 година во Белград е одликуван  со орден од 3 ред од тогашниот претседател Ј.Б.Тито за особено залагање и постигнати успеси во социјалистичката изградба на земјата. Во 1971 година во знак на признание за особена активност во сојузот на младината во Македонија е одликуван со Спомен Плакета.

 

Во длабока старост, на 97 годишна возраст тивко го напушти овој свет, оставајќи го својот аманет на идните поколенија.

 

Неговите посмртни останки беа погребани денес, 05.10.2020 на новите градски гробишта во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи