ВИДЕО – Одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп без масовни собири и без традиционалниот огномет

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315

Одбележувањето на празникот 11 Октомври поради пандемијата годинава ќе биде обележан под специфични околности, согласно протоколот за одбележување на државни празници и без масовни собири. Акцентот ќе се стави на полагањето на цвеќе на спомениците и Могилата на Непобедените, а ќе биде изоставен традиционалниот огномет. На 10-ти октомври вечерта ќе има само импровизиран напад на Участакот, но без посебна манифестација како минатите години.

 

 

„Програмата започнува утре со отворање на Фестивалот на медот – Медот и пчелните производи инвестиција во вашето здравје. Во сабота од 9 до 13 часот ќе се одржи Крводарителска акција во организација на Општинската организација на Црвениот крст. Вечерта во 19 часот е импровизираниот напад на Участакот, а половина час подоцна во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи јубилејното 20-то издание на интернационалниот детскиот фестивал „Ѕвездички“, кој ќе се одрќии според сите протоколи за организиирање на настани во затворен простор, односно во бројки согласно пропишаната достанца во салата не смее да има повеќе од 105 лица. Оваа година ќе изостане традиционалниот огномет. Сите знаеме дека огнометот е една од главните причини поради која граѓаните излегуваа во центарот на Прилеп. Во овиие услови на пандемија е ризик и потенцијална опасност за ширење на вирусот. Ниту Општина Прилеп, ниту јас како градоначалник немаме право да го ограничуваме правото на слободно двиижење на нашите граѓани, но како одговорна власт ќе ги спроведеме мерките за заштита. Доколку граѓаните сепак се одлучат да излезат во центарот на градот да користат заштитни маски и да држат дистанца. Во недела чествувањето започнува во 8.30 часот со пологање на свежо свеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски Питу, Алејата на народните херои, споменикот жена Борец и Могилата на непобедените“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

По повод празникот во 12 часот во месноста Топташ ќе се одржи  „Toptash downhill cup“, а во 17 часот попладнето во Центарот за култура ќе се одржии детскиот музички фестивал „Весели ѕвончиња“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи