Борисов: Ќе биде грев пред историјата доколку не најдеме компромис

Facebook
Twitter
Email
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Би било грев пред историјата ако Бугарија и Северна Македонија не успеат да најдат компромис, изјави Бојко Борисов на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

 

„Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и сте имале најголема поддршка и дека ние само треба да ја направиме историјата мост на пријателството и блискоста, а не скршен мост на кој Република Северна Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри “, рече премиерот Бојко Борисов за време на состанокот.

 

На средбата Борисов потенцирал дека е многу загрижен поради вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во една политичка резолуција во Европскиот парламент.

 

Бугарскиот премиер се надева дека Северна Македонија ќе ги добие потребните гаранции од Бугарија, односно ќе се дојде до компромисно решение за спорените прашања до 10 ноември, кога Северна Македонија и Бугарија ќе копретседаваат со Самитот на Берлинскиот процес.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи