По 6-ти пат на Селечка планина се одржа планинската трка „Momata Rock Trails“

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


На падините на Селечка планина над Прилеп по 6-ти пат, во организација на ЗАПС „Единак“, денеска се одржа планинската трка „Momata Rock Trails“ на која учествуваа околу 100 натпреварувачи од цела Македонија. Оваа година поради протоколот и пандемијата е одлучено да има само една трка на 20 км. со ограничен број на тркачи, додека лани имаше уште 2 други трки на 10 км. и 40 км.

 

Во машка конкуренција првото место го освои Александар Кирковски од Скопје, второ беше Дејан Ангелов од Охрид, а трет заврши Michael Van Baelen од Прилеп. Во женска конкуренција првото место го освои Сања Најдоски од Скопје, втора беше Елена Ртоскак од Прилеп и трета Талија Петрескка, исто од Прилеп.

 

Поведени од личниот ентузијазам и сопственото убедување дека во Република Македонија постојат одлични, а речиси неискористени услови за практикување на спортови кои ја промовираат заштитата на животната средина, ја анимираат локалната заедница и привлекуваат гости од целата земја и пошироко, ЗАПС „Единак“, успеа голем дел од македонските рекреативни и професионални планински тркачи, но и планинари генерално, речиси непознатата Селечка Планина, во изминативе години да донесе над 500 домашни и странски професионални натпреварувачи и ентузијасти и неколкукратно повеќе публика и посетители на планината, со што покажа дека за реализација на иновативните идеи доволни се само малку храброст, а многу работа и труд“, велат организатрорите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.