Петкоски : Во услови на пандемија СДСМ Прилеп објави оглас за вработување на 85 послушници во „Комуналец“

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Во услови кога Македонија секојдневно руши нови рекорди на заразени и починати од коронавирусот, а Прилеп одново станува зариште со десетици нови случаи секој ден, власта на СДСМ во Прилеп објави оглас за вработување на 85 партиски послушници во Јавното комунално претпријатие Комуналец. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Огласите траеа само 2 дена, за да им се оневозможи на сите заинтересирани граѓани да аплицираат и да бидат еднакво третирани како и партиските кадри на СДСМ.

 

Ете така работи оваа власт, шверцерски и преку ноќ ги полне институциите, кога државниот буџет бележи невидена дупка од 900 милиони евра, се затвораат фирми, а илјадници граѓани остануваа без работа.

 

Нема монтажна болница за заразени од коронавирус, здравствениот систем во Прилеп е пред колапс, а власта на СДСМ единствено води грижа за своите партиски послушници и одработувачи.

 

Денеска исто така го прашуваме градоначалникот Илија Јованоски дали е вистина дека со новиот план за вработување за 2021 година, ова јавно претпријатие планира вработување на 100-тина нови луѓе?

 

Како и со кои пари планирате да ги плаќате овие луѓе и што ќе работат?

 

До каде ќе оди вашата забеганост и негрижа за реалните потреби на граѓаните во овие услови на пандемија?

 

Цели три години од мандатот ги отспавте и не реализиравте ништо од ветеното, но кога треба да се трошат милионски суми за вработување на партиски послушници око не ви трепнува.

 

Ајде барем сега, кога граѓните имаат потреба од реална помош, а не ваучери за поткуп, кога половина од Старата чаршија е затворена, кога компаниите мака мачат да обезбедат стабилност и плати, надминете ги барем еднаш партиските интереси.

 

Во спротивно овој пустош кој го оставате зад себе, овој реваншизам и тортура ќе ви се удри од глава. Граѓаните нема уште долго да ја трпат оваа ваша нечовечност и безредие“, додаде Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи