ВИДЕО – Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп : Имаме корумпирано судство, политички реваншизам, слобода за Јане Ченто

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Серијата протести на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прв пат вечерва се одржаа и во Прилеп. Протестот се одвиваше со автомобили, кои продефилираа низ поголемите улициии во градот. Иако протестот првично беше најавен какко протест против поскапувањето на електричната енергија, вечерва беше искажан револт и за повеќе други работи. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за политички реваншизам, за тоа дека нивни членови биле бркани од работа од државни институции само затоа што не биле истомисленици со власта. Обвинија и за тоа дека имаме корумпирано судство и обвинителство кое воопшто не се грижело за секојдневните афери кои излегувале во јавноста за злоупотребите при трошењето на народните пари, но и на европските пари. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп побараа и слобода за прилепчанецотр Јане Ченто, осуден за настаните на 27 април.

 

 

„После серијата протести одржани во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ од денеска како политичка партија ги проширува своите протести и во останатите градови од државата, Република Македонија. Тиранијата со мафијата на власт веќе не се трпи, врз граѓаните на Република Македонија се врши тортура, се врши политички реваншизам и овие неправди веќе не смеат да продолжат да се трпат и народот го крева својот глас.

 

Гледате на мафијата на власт со инсталираното судство, со инсталираните судии, јавни обвинители не им пречи тоа што секојдневно излегуваат афери за злоупотреба за крадење на народните пари, не им пречат сите овие предавства кои ги направија изминатиот период со промена на Уставот, уставното име и со ред оние други работи кои задираат во македонското ткиво, со Договорот за добрососедство со Република Бугарија, каде што сакаат да го испоганат и Гоце Делчев како еден револуционер врз кој се гради македонштината, македонскиот идентитет и сето тоа придонесува да народот го крева својот глас.

 

На оваа банда, на оваа мафија на власт, со своите судии и обвинители не им пречи сето ова што го кажав, но им пречат луѓето кои го бранеа Уставот, уставобранителите, и така како од ракав им доделија преку 200 години судски пресуди. Луѓето невини гнијат по затворите, еден од нив е и нашиот сограѓанин Јане Ченто. И сите овие неправди што ни се случуваат, посбно после изборите, бркање на луѓе од работа, реваншизам на политичките неистомисленици, луѓе, цели фамилии остануваат без работа, се врши политички прогон, се врши преместување, казнување на работните места.

 

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија го крева својот глас, заедно со македнскиот народ, во сите градови. Гледате вечерва овде имаме масовно присуство, како на членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и граѓаните масовно ни се приклучуваат. Овие протести ќе продолжат до конечна пресметка со оваа банда на власт, оваа мафија на власт и оваа мафија мора да се победи, мора да завладее ред, поредок во Република Македонија“, истакна Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

 

 

На протестот беше присутен и Кире Михаилов, жител на Струмица, кој тврдеше дека бил избркан од работа од јавното претприијатие Македонски Шуми, само затоа што напишал ФБ статус против власта.

 

„Република Македонија стана пример за тоа како не треба. Република Македонија стана пример не само во регионот, туку и пошироко за тоа како не треба. Режимот на Зоран Заев ги помина сите граници. Ова е доказ дека македонскиот народ повеќе не може да ги трпи овие тортури и се што ни се случува.

 

Јас сум една од низата жртви кои што се најдоа на улица без корка леб, само затоа што сум неистомисленик со оваа власт. Ова е класичен пример за тоа како не треба. Повеќе од очигледно е, секој еден граѓанин на Република Македонија гледа дека во оваа држава дојде животот дури и за магарињата, меѓутоа нема живот за Македонецот. За жал, ова е реалноста која ни се случува секојдневно, но како што гледате Прилеп е пример дека во деновите кои што следат македонскиот народ го крева гласот и ова што ќе се случува денеска ќе биде секојдневие се до падот на оваа хунта, затоа што ова не води никаде.

 

Јас останав без работа затоа што напишав една, единствена реченица на „Фејбук“, на мојот личен профил и тоа во перидото кога бев на неплатено отсуство, или класично сум бил без заснован однос. Веднаш штом се вратив на моето работно место, вториот ден добив дисциплинска, бев суспендиран, ми беа поднесени редица кривични и прекршочни пријави, за една реченица која што за жал беше вистинита. Ништо ниту излажав, ниту навредив некој, меѓутоа очигледно е дека онаа позната на Фрчковски ќе ја тераат, вие избркајте ги, судот нека ги враќа.

 

Јас пред неколку дена во Скопје дадов изјава исто така во мојот говор, каде што напоменав дека изјавите на Зоран Заев од Валандово 2010 година, сега стануваат реалност, т.е. ќе не бркаат сите што сме неистомисленици со оваа власт, од чистачка до министер и живи ќе не јадат. За жал со тоа што не оставаат без корка леб на улица, навистина тоа ни се случува.

 

Јас бев вработен во „Национални шуми“, за мене се и секогаш ќе останат „Македонски шуми“, во Струмица, бев префлен во Радовиш и од таму го добив решението за престанок на мојот работен однос. Сега во моментов сум на улица“, рече Кире Михаилов, жител на Струмица.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи