Потполковникот Славчо Кузманоски нов командант на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Денес, во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, со почитување на протоколите за заштита од КОВИД 19, се одржа воена свеченост по повод примопредавањето на должноста Командант на артилериски баталјон (артб), од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр). Должноста командант на артб,  потполковник Ѓорѓи Василевски ја предаде на својот досегашен заменик, потполковникот Славчо Кузманоски.

 

На свеченоста присуствуваше Началникот на ГШ генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, Командантот на Командата за операции генерал  мајор Павле Арсоски , Kомандантот на 1.пбр, полковник Бесник Еминии , Kомандантите на единиците од 1.пбр и Градоначалниците на општините Прилеп и Новаци.

 

 

Пред стројот на единицата и присутните гости во своето обраќање, командантот на 1.пбр полковник Бесник Емини, му се заблагодари на досегашниот командант за вложениот труд и покажаните резултати за време на неговото командување со единицата, а на потполковникот Славчо Кузманоски му упати искрени честитки по повод стапувањето на новата должност.

 

„Да се биде командант на баталјонот кој претставува железна тупаница на првата бригада и без чија поддршка не би можеле да функционираат и останатите единици во Армијата, претставува огромна чест но и обврска “, истакна во своето  обраќање полковникот Емини.

 

Досегашниот командант на артб, потполковникот Ѓорѓи Василевски, во својот говор меѓу другото им оддаде признание на припадниците на баталјонот за вложениот труд во извршувањето на задачите и предизвиците со кои единицата успешно се справуваше во текот на неговото командување, а на новоназначениот командант му порача:

 

„Ти ги оставам во аманет баталјонот и овие прекрасни луѓе твои соборци , да ги водиш , со ум и лидерство кои недвосмислено  ги имаш!“, рече досегашниот командант на артб, потполковникот Ѓорѓи Василевски.

 

 

Потполковникот Славчо Кузманоски, се заблагодари на укажаната доверба, за поставување на оваа одговорна должност, ветувајќи дека ќе го даде својот максимум,  за постигнување на уште подобри резултати во извршувањето на своите задачи во иднина.

 

На крајот  свеченоста заврши со, свечено примопредавање на военото знаме на баталјонот помеѓу командантите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи