ВИДЕО – Дуално образование во Прилеп за стоп на иселувањето, но молк за поголеми плати

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Како обид за стопирање на иселувањето, намалување на невработеноста, но и одговарање на потребите на пазарот на труд во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп веќе втора година се спроведува проектот за дуално стручно образование според германски принцип. Учениците одат на практична настава во една домашна и две странски инвестиции Прилеп. 50% од образовниот процес им се состои во пракса, за која добиваат и паричен надоместок. После средното училиште веднаш ќе им биде понудена и работа во компаниите, но бизнисмениите не кажаа ниту збор дали ќе ги зголемат платите, главниoт мотив за иселување на младите.

 

 

„Поаѓаме од фактот дека овиер ученици во најголем дел ќе останат во компниите во кои се обучувале, но не може да сме 100 % сигурни и неможе некому да му забраните да оди да се запише на некој стручен технички факултет или да замине“, кажа Патрик Мартенс, претседател на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

 

Во Прилеп станува збор за ученици со струки Техничар за индустриска мехатроника  и Техничар за производно машинство.

 

„Се надевам дека со вакви и слични проекти, каде се вложува во учениците уште во текот на нивното образование, дека на некој начин ќе ги придобиеме и самите да согледаат дека и тука имаат иднина, доколку навистина се доволно добро стручно оспособени“, додаде Билјана Трајкоска, директор на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ – Прилеп.

 

Но за жал младите ваквото дуално образование не го гледата како можност да останат тука, туку само шанса да добијат повеќе знаења за да се иселат од Македонија.

 

„Се гледам себеси во странство, бидејќи таму има подобри услови и за образование и подобра плата“, истакна Марио Бошески, ученик во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ – Прилеп.

 

Овој проект се спроведува во 7 стручни училишта во Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи