Прекинато испитувањето на вакцина против Ковид 19 : Доброволците добиле необјаснета болест

Facebook
Twitter
Email
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ привремено го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против коронвирусот поради необјаснетата болест на учесниците во студијата, објави компанијата.

 

Болеста на учесниците во тестот ја испитува независен комитет за следење на податоците и безбедноста.

 

Во соопштението се посочува дека ваквите паузи се вообичаени за време на големи испитувања во кои може да учествуваат десетици илјади луѓе.

 

Ова е второ одложување на тестирањето на вакцините спроведено од неколку производители во светот, откако AstraZeneca ја паузираше доцната фаза на тестирање на својата експериментална вакцина, која се развива на Универзитетот во Оксфорд, исто така, поради болеста на учесниците во студијата.

 

Тестовите за вакцината во Велика Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија продолжија, но во САД се уште се на пауза.

 

„Џонсон и Џонсон“ минатиот месец објавија дека нивната експериментална вакцина против ковид 19 произведува силен имунолошки одговор во раните и средните фази на испитувањето, по што започна последната фаза со 60.000 учесници, а резултатите се очекуваа подоцна оваа година или почетокот на следната.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи