Наставничка од ООУ „Климент Охридски“ и технички персонал од СОУ „Орде Чопела“ заразени со Ковид 19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Ковид 19 влезе во прилепските училишта. Денеска е потврден првиот случај на наставничка инфицирана со корона вирус која предавала во второ одделение во основното училиште „Климент Охридски“. Сите 20 деца од класот каде предавала се ставени во самоизолација. Од вчера во самоизолација се наоѓа и цела смена од техничкиот персонал од Средното училиште „Орде Чопела“, откако во вторникот на еден вработен во техничката служба му бил регистриран Ковид 19.

 

„Во ООУ „Климент Охридски“ постапено е согласно протоколите за работа во основните училишта. Со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, наставничката и 20 ученици од второ одделение од класот каде предавала се ставени во самоизолација во траење од 14 денови. За случајот е известено е и Министерството за образование.  До утре треба да се знае дали ќе се тестираат и учениците, за тоа треба да одлучат експертите од Центарот за јавно здравје. Вториот случај на корона вирусот во училиштата се појави во СОУ „Орде Чопела“ каде позитивен на Ковид 19 е еден вработен во техничката служба. И таму се спроведени сите мерки и протоколи. Морам да потенцирам дека во сите наши училишта  каде има настава со физичко присуство максимално се почитуваат сите протоколи. На ниво на Општина Прилеп е формирана и Комисија која врши контроли во сите училишта и градинки како се почитуваат мерките“, истакна Каролина Николоска, советник за образование во Општина Прилеп.

 

Го контактиравме и директорот на ООУ „Климент Охридски“ кој истакна дека наставничката последен пат контакт со децата имала во петокот на 9 октомври.

 

„Во училиштето се запазени сите мерки и пропишани проколи. Наставничката последен пат контакт со учениците и со нас колегите имаше минатиот петок. Во неделата ме извести дека има температура и јас и реков да не доаѓа во понеделикот на училиште. Во меѓувреме направила и тест за Ковид 19 кој денеска излезе позитивен. Веднаш ги известивме и родителите на децата и сите 20 деца на кои таа им предаваше се ставени во самоизолација. Засега се уште не се тестирани, чекаме за тоа да кажат од Центарот за јавно здравје. Засега никој друг од нас како наставен кадар нема симптоми, но и ние чекаме да видиме дали ќе правиме корона тест“, рече Зоран Сребреноски, директор на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.

 

Инаку денеска во Прилеп се регистирани 25 нови случаи на коронавирус.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи