ВИДЕО – Тоше доби ново вечно почивалиште – 13 години непребол и сеќавања

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Сеќавања, тага, почит, со песна и црвени рози. Крушево, Македонија, Балканот се сеќава на Тоше Проески по 13-ти пат од неговото трагично загинување. Маратонците и годинава стигнаа на неговото вечно почивалиште, на Гумење во Крушево. Поради пандемијата трчаа од граничниот премин Табановце, до Крушево. Претходно и симболично во Хрватска, Нова Градишка каде загина Тоше.

 

 

Наум Капричевски кој ги предводеше осумте маратонцидо Гумење,  емотивно ја испрати пораката- Тоше е нашата инспирација.

 

„Пристигнавме на Гумење да му оддадеме почит на нашиот великан, на момчето со ангелскиот глас, на момчето кое беше институција, а не само пејач“, рече Капричевски.

 

И покрај дождот и ова тешко, опасно време фановитена Тоше ги имаше отсекаде: од Макеоднија, Хрватска Бугарија, од Русија. Стелаод Загреб, Хрватска вели дека постојано ги следи маратоците и доаѓа во Крушевоза Тоше.

 

„Секоја година доаѓам во Крушево. За Тоше. И годишниот одмор го поминувам овде. Откако загина Тоше, оттогаш го мерам времето. Дојдов со маратонците. Таа љубов што ја  даваат за Тоше е единствена во светот. Ме инспирираат. До Крушево ги следам секоја година. Заедно патувавме од Нова Градишка. Почесниот старт го оддадоа во Нова Градишка, а официјално на граничниот премин Табановце, па до Крушево. Не сакаа да ја прекинат традицијата која трае 13 години. Тоше е љубов, енергија.  Тој е сонцето во вашето знаме. Физички ни недостасува. Но љубовта е посилна од смртта, а Тоше е љубов, вели Стела.

 

И Радица Иванова од Бугарија секогаш, за Тоше, е воКрушево.

 

„За нас во Бугарија, Тоше Проески е начин на живот,  Тој е нашата љубов. Доаѓаме секоја година, кога можеме и во ова тешко време зашто Тоше го почитуваме“, речеИванова.

 

Тоше го обедини Балканот како никој досега. Неговитеверба, љубов се основа за да ги избришеме омразата, нерпеливоста последниве години,порача премиерот Зоран Заев кој му оддаде почит на Тоше. Подигнато е  новото-спомен обележје што се градеше еднагодина и чинеше 10 милиона денари, пари од државата.

 

„Денес сме тука да се поклониме пред вечното почивалиште на нашиот голем  сограѓанин, интернационално прифатен естраден уметник – Тоше Проески. Како наша должна почит за момчето со големо срце, со добрина, љубов, верба, хуманост, со бескрајна посветеност и верност спрема музиката. Му оддаваме достојна почит пред реализираното идејно решение за неговото вечно почивалиште. Се оформи низ постојана комуникација со семејството на Тоше. Како симбол ги одразува искрената религиозност на Тоше Проески и вербата во Бог кои тој ги споделуваше преку својата музика. Тоше на најдобар можен начин успеа да го обедини Балканот, онака како што треба, успевајќи со својата искрена желба, со неповторливата харизма и со своите безвременски песни да ги премости сите, навидум, непремостливци нешта. Тој е нашата гордост. Беше амбасадор на УНИЦЕФ, заслужно ја доби наградата Мајка Тереза. Треба да сме  му бескрајно благодарни. Дури и сега, кога сме дел од најголемите предизвици во светот, треба да се потсетиме на неговите стихови: За овој свет, еден и единствен, треба се да сториме. Само него го имаме. Проблемите еден ден ќе ги надминеме, но она што треба да не загрижува е се поголемото отсуство на љубов помеѓу луѓето. Треба да си споменеме на неговите чести зборови: Ве сакам сите. Треба да ги собереме плодовите на љубовта од семето што го посеа Тоше на оваа македонска почва.  Земајќи го урнекот од него за љубовта, ќе може да ги победиме и омразата и поделеноста и злото, наталожени во душите низ годините“, истакна премиерот Заев.

 

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски смета декановото спомен обележје на гробното место на Тоше на Гумење е само мало оддолжување на крушевчани за тоа што го направи Тоше за сите нас.

 

„Ова почивалиште не е проект, туку обврска на сите крушевчани. Веќе кога го загубивме прерано, барем да се оддолжиме на некој начин и да кажеме „Благодарам“ за неговиот придонес за Крушево, за неговата љубов, за неговите добри дела“, рече Христоски.

 

Тоше Проески доби спомен обележје на Гумење. А спомен-куќата, муизеј „Тодор Проески“ за девет години откако е изградена досега ја посетиле преку 600 000 обожуватели и почитувачи на делото на Тоше од Македонија, Балканот и од светот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи